Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Онјалн вебинар на Црвен крст на РСМ по повод одбележувањето на Светскиот Ден на Волонтерство – 5 декември

2020-12-05

Онјалн вебинар на Црвен крст на РСМ по повод одбележувањето на Светскиот Ден на Волонтерство – 5 декември

На 4-ти декември, 2020 година Црвениот крст на РСМ организираше вебинар по повод одбележувањето на Светскиот Ден на Волонтерството 5-ти декември. На настанот зедоа учество повеќе општински организации на Црвен крст на РСМ и Црвен крст на град Скопје. На вебинарот учествуваше и Претседателот на Република Северна Македонија, г.дин Стево Пендаровски и во своето обраќање оддаде посебна благодарност на волонтерите на Црвениот крст за севкупниот придонес во справување со кризата во Република Северна Македонија предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Во името на Црвениот крст на РСМ и во свое лично име, Претседателот Пендаровски го додели и признанието “За сите наши волонтери”, на сите волонтери на Црвениот крст на РСМ за нивниот придонес во надминување на последиците од пандемијата со Ковид-19.

Пригодно обраќање на настанот имаше и Претседателот на Црвен крст на РСМ, проф.д-р. Ромел Велев, кој зборуваше за значењето на волонтерството во општествени рамки и придонесот на волонтерите во Црвениот крст.

Волонтери од Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст Битола, Велес, Куманово, Охрид и Штип имаа свои обраќања и споделија видео содржини од средините каде што работат прикажувајќи активности на националното друштво за одговор на пандемијата со Ковид-19.

Модератор на настанот беше Никола Трајковски, новинар од Македонската Телевизија и волонтер на Црвениот крст на РСМ.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025