август 26, 2022

ПХВ недела 21-27 септември

Традиционално секоја година ПХВ неделата се одбележува од 21 до 27 септември, унифицирано во секоја ООЦК. Идејата е преку недела младите да се анимираат, но и да се направи поврзување со заедницата, пред сѐ се мисли на училиштата, од каде доаѓаат потенцијалните волонтери, но и да се промовира знакот со што директно влијаеме на подобрување на имиџот на нашата организацијата. Од друга страна, цел на одбележување на неделата е промоција на мирот, толеранцијата и соживотот преку заедничкото запознавање и интеракцијата. Оваа година ќе бидат организирани две нешта, односно ќе бидат опфатени две целни групи, учениците и волонтерите од Клубот на младите.

Заради ковидот во изминатите две години, нашата интеракција со училиштата беше намалена. Оваа година, преку неделата би сакалe да ја зајакнеме таа соработка за да оди полесно регрутирањето на волонтерите понатака.

Ќе биде организиран ликовен конкурс за тема “ Промоција на хумани вредности”. Истиот треба да се спроведе во основните училишта и е наменет за младите од 6 и 7 одделение и младите од 8 и 9 одделение. Може да учествува секој, а техниката на цртање е по избор на ученикот. Имагинацијата за оваа тема е оставена на младите. Изработените цртежи треба да се пратат во ООЦК, а потоа истите ООЦК треба да ги доставите кај нас. Праќањето треба да биде по мејл, што значи цртежот треба да се слика без блиц со природна светлина, JPG формат и како наслов да пишува име на детето, одделение, години, училиште, град, техника на цртање (пр. Ана Силковска, VII-14г. М.Милевски-Прилеп, акварел). Од една ООЦК сите цртежи треба да се пратат зедно. Комисија составена од тројца академски уметници ќе заседава и ќе избере најдобар цртеж во двете категории. Наградата е викенд за цело семејство во Струга, за најуспешните во двете категории. По изборот, наградените цртежи ќе бидат побарани да се доставаат во оргинал во Црвен крст на град Скопје.

Направен е и постер кој треба да се користи за промоција и полесна комуникација и со одговорните наставници во училиштето. Во него е напишана и временската рамка, односно конкурсот треба да започне и да се објави на 12 септември, а цртежите да се достават на ПХВ маил phv@redcross.org.mk не подоцна од 27 септември.

Паралелно со оваа, втората целна група ќе бидат младите од Клубот на млади од секоја ООЦК. Тие ќе треба да изработат идејно решение – постер за ПХВ програма за следната година. Најдобриот постер ќе се користи за промоција на активностите следната година. Во истиот треба да бидат ставени логото на ПХВ програма, годината, и нешто интересно што би ја најавило програмата и би ги заинтересирано младите да се пријават за да добијат едукација, да имаат можност да се дружат, да изработуваат мали проекти, да помагаат.

Постерот треба да има интересна содржина која привлекува, која ќе го задржи вниманието на младите и да има позитивна порака.  Секоја ООЦК може да изработи еден, но може и повеќе постери. Постерот треба да се изработи на компјутер во некој од програмите за цртање. Исто така и постерите треба да се изработат и достават до 27 септември. Треба да се внимава на логото, да има помалку текст и истиот да биде напишан и на македонски и на албански јазик. 

Со среќа со креативите!

< врати се назад