Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Подобрување на социјализација на деца и млади со посебни потреби

2017-12-14

Подобрување на социјализација на деца и млади со посебни потреби

Денес на 14.12.2017 година во Македонскиот народен театар во Скопје, во организација на Црвениот  крст на град Скопје, се одржа Хуманитарен базар, кој всушност претставува завршен настан на годинешните активности реализирани во рамките на Проектот „Подобрување на социјализација на деца и млади со посебни потреби”, кој Црвениот крст на Република Македонија го имплементира со поддршка на Комерцијална банка АД Скопје. 

На настанот беа изложени 80 слики, изработени дела, кои се заеднички плод на децата од дневните центри, волонтерите на Црвениот крст, вработените во Дневниот центар, како и со поддршка од ликовни уметници во општините. Присутните имаа можност да одберат слика и да донираат средства за поддршка на проектните активности.  

На настанот се обрати генералниот секретар на Црвениот крст на РМ г-дин Саит Саити кој  искажа голема благодарност на Комерцијална банка АД Скопје за остварената плодна соработка  и довербата кон Црвениот крст на Република Македонија како партнер во спроведување на социјално корисни општествени програми, која како успешен  пример е  седумгодишната континуирана поддршка и заедничка имплементација на проектните активности за подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби.

Од страна на г-ѓа Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управен одбор на Комерцијална банка беше искажано задоволство од досегашната соработка со Црвениот крст во поддршка на активностите насочени кон подобрување на социо – културното ниво и квалитетот на животот на децата и младите со посебни потреби. Вработените на банката се дел од имплементација на овие активности со што ја потврдуваат својата социјална одговорност.

Г-ѓа Соња Кипровска, вд директор на Заводот за социјални дејности ја истакна долгогодишната соработка со Црвениот крст во спроведување на заеднички иницијативи за подобрување на социјализацијата на децата со посебни потреби, и при тоа посочи, дека се надева, овие партнерски релации да се развиваат и во иднина во насока на подобрување на благосостојбата на лицата со посебни потреби.

Со проектните активности  опфатени се околу 250 деца со посебни потреби на возраст од 5-18 години, опфатени во дневните центри  во Скопје,  Гостивар, Прилеп, Кавадарци, Велес, Дебар, Кичево, Делчево и деца од згрижувачки семејства во Скопје, Прилеп и Велес. Активностите се имплементираат преку Црвениот крст на град Скопје Скопје, општинските организации на Црвениот крст  Гостивар, Прилеп, Кавадарци, Велес, Дебар, Кичево, Делчево,  во соработка со дневните центри за деца со посебни потреби во овие општини.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025