Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби
Црвениот крст на Република Македонија во рамките на проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“ на 06 декември 2018 година организираше работилница за евалуација на проектните активности кои се имплементираат преку Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст Прилеп, Велес, Кавадарци, Делчево, Кичево, Дебар и Гостивар.
Целта на работилницата беше да се утврдат постигнатите резултати, ефектите од имплементираните активности, како и да се дадат насоки за идно дејствување на локално ниво. Потпретседателот на Црвениот крст на РМ, Димитар Каракулев искажа задоволство од досегашните имплементирани активности и голема благодарност до Комерцијална банка АД Скопје, за нивната поддршка која компанија осма година во континуитет овозможува овој проект да се реализира.
На работилницата присуствуваше д-р Јасмина Буцевска, директор на дирекцијата за маркетинг на Комерцијална банка, која искажа задоволство од досегашните активностите кои се имплементираа во текот на годината и најави можна поддршка на активностите и за следната година.
Претставникот на Заводот за социјални дејности, Васка Стефановска ги поздрави учесниците и искажа задоволство од заедничката соработка со Црвениот крст и упати благодарност до Комерцијална банка за поддршката на проектот.
Учесници на работилницата беа претставници на Црвениот крст, претставници од дневните центри за деца со посебни потреби и центарите за социјална работа од општините каде се реализираат проектните активности, како и родители на деца од Дневниот центар за лица со церебрална парализа, Скопје.