Покана за работилница – Информирање и комуникации во кризни состојби
Почитувани медиуми,
Црвениот крст на Република Македонија како најголема хуманитарна организација во повеќе наврати во изминатиот период се соочува со справување на кризни состојби во Република Македонија, преку обезбедување хуманитарна помош и пружање услуги на лица кои се нашле во ризик.
Република Македонија во последните две години ја зафати бран на мигранти кои транзитираа низ државата. Како помагател на власта во Република Македонија и мандатот на делување на нашата организација, се обезбедува интензивна поддршка и помош за лицата кои се уште се наоѓаат во центрите на граничните премини.
Вие како Медиуми, постојано ја следите состојбата со мигрантите и други состојби и ја информирате јавноста за настаните кои се случуваат.
За унапредување на вештините за информирање и комуникации во кризни состојби, Црвениот крст на Република Македонија со поддршка на Меѓународниот комитет на Црвен крст организира работилница со претставници од медиумите, како правилно да се информира и комуницира во кризни состојби.
Би сакале да Ве поканиме на работилницата која ќе се одржи на 22.10.2018 од 10:00 до 14:00 часот во просториите на Црвениот крст на Република Македонија,Бул. Кочо Рацин бр.13, 1000 Скопје на која заеднички ќе се обидеме да ги пренесеме знаењата и искуствата за информирање и комуникација .На работилницата свое излагање ќе има и претставник од Меѓународниот комитет на Црвен крст и други стручни лица.
Вашето присуство да се најави на е-маил адреса mustafa@redcross.org.mk најдоцна до 18.10.2018 година.