Помош за настраданото население во Атина, Грција
Почитувани,
Пожарите кои го зафатија подрачјето на градот Атина во Грција, предизвикаа големи материјални штети кои го погодија населението, но и за жал човечки загуби.
Црвениот крст на Република Македонија континуирано ја следи состојбата и согласно добиените насоки од страна на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина соодветно ќе дејствува.
Црвениот крст на Република Македонија ги повикува заинтересираните правни субјекти и граѓани да се вклучат во акцијата за помош на настраданото население:
Преку донација на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
Донација на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Црвениот крст на град Скопје во соработка со Градот Скопје дополнително ќе испрати хуманитарна помош во хигиенски пакети, пакети со храна и бебешки пелени.