јули 19, 2021

Посета на член на Управниот одбор на Турската Црвена полумесечина

На ден 19.07.2021 година во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија се одржа средба со член на Управниот одбор на Турската Црвена полумесечина, г-дин Јасир Јилмаз и Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, г-дин д-р Саит Саити.

На средбата се разговараше за проширување на меѓусебната соработка и размена на искуства на вработените и волонтерите на двете Национални друштва, во областите на здравствено-превентивната дејност, социјално хуманитарната дејност, подготвеноста и дејствувањето при катастрофи, менаџментот со волонтери и меѓународната соработка на Националното друштво.

Овие теми за соработка ќе бидат преточени во меморандум за соработка кој ќе биде потпишан од двете Национални друштва по летниот период, а ќе биде пропратен со изготвување на годишни оперативни планови за планирање и назначување на носители на активности.

Целта на овој меморандум е зајакнување на капацитетите на Црвен крст на РСМ и Турска Црвена полумесечина преку споделување на искуства, меѓусебна соработка и развивање на проекти за помош и поддршка на ранливото население.

< врати се назад