Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ НА ХРВАТСКА ВО ЦРВЕН КРСТ НА МАКЕДОНИЈА

2016-10-25

ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ НА ХРВАТСКА ВО ЦРВЕН КРСТ НА МАКЕДОНИЈА

Во период од 20-24 октомври, 2016 година делегација на Црвениот крст на Република Хрватска во состав: д-р Јосип Јелиќ-претседател,Роберт Маркт – извршен претседател, Фрањо Грегуриќ и Јосипа Римац – потпретседатели на Црвениот крст на Република Хрватска,  оствари работна посета на Црвен крст на Р. Македонија. За време на престојот остварени се средби во централата на Црвениот крст на Р. Македонија со претседателот на националното друштво, Д-р Милчо Трајков и генералниот секретар, д-р. Саит Саити каде беше дискутирана соработката на двете национални друштва во изминатиот период со акцент на претстојните заеднички иницијативи и активности кои треба да се актуелизираат и превземат во блиска иднина.

Делегацијата, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст на Р. Македонија, д.р- Саит Саити, го посетија и Црвениот крст на Република Македонија – Црвениот крст на град Скопје, пунктот за бездомници , логистичкиот центар на Црвениот крст на Р.Македонија, како и Црвениот крст на Република Македонија – општинска организација Охрид.

Во текот на меѓусебните разговори исто така стана збор и за тековните предизвици на двете национални друштва поврзано со мигрантската криза и ефективно справување со последниот бран на мигранти. Беше истакнато дека постои потреба од континуирана размена на информации и податоци за навремено излегување во пресрет на потребите на оваа целна група и ефективно обезбедување поддршка на властите во државата.

Претставниците на двете национални друштва дискутираа и заклучија дека е потребно воспоставување поблиска соработка помеѓу двете национални друштва.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025