Посета на делегација од Факултететот за физичко образование, спорт и здравје, во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“
На 03.06.2021 година, во Центарот за подготвеност и одговор при катстрофи на Црвен крст на Република Северна Македонија ( ЦКРСМ), го посети делегација од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“-Скопје, во состав на декан проф. д-р Ленче Алексовска Величковска и проф. д-р Славица Новачевска, која беше пречекана од раководителот на Оперативниот центар Али Самет и стручниот работник за одговор при катастрофи Оливер Гичевски.
Целта на посетата беше, заеднички активности во летната сезона 2021 година на планот за безбедност на вода. Имено за време на редовната обука на студентите од Факултет за физичко образование, спорт и здравје, приклучување во нивната наставна обука на предавачи од страна на ЦКРСМ, за безбедност на вода, местото и улогата на ЦКРСМ во случаја на катастрофи , заштита и самозаштита во случај на катстрофи, камп менаџмет и др.
На работниот состанок, се разговараше за унапредување на меѓусебната соработка помеѓу двете институции, сродни по своите активности, согласно потпишаниот меморандум за соработка, како и ревидирање на истиот.
За време на работниот состанок од страна на раководителот на Оперативниот центар на Црвениот крст на РСМ, г-дин Али Самет, беа презентирани задачите на Центарот за подготвеност и одговор при катстрофи на Црвениот крст на РСМ, како и превземените активности на Оперативниот Центар за справување со светската пандемија Ковид 19.