мај 17, 2019

Посетата на делегација на Турска Црвена полумесечина

На 16 мај 2019 година, Црвен крст на Република Македонија ја посети делегација од Турска Црвена полумесечина. Цел на посетата се заснова на досегашната соработка на двете Национални друштва, односно подготвеноста на Турската Црвена полумесечина за обезбедување на хуманитарната помош за ранлива категорија на лица во Република Северна Македонија. На самата посета директорот за набавки на Турската Црвена полумесечна Адил Сезенгуз, истакна дека ќе набават околу 250 пакети со храна и истите ќе бидат дадени на деца без родителска грижа и самохрани мајки. Исто така Амбасадата на Турција во РСМ со наша поддршка по повод месец на постот Рамазан Бајрам ќе организираат вечера (ифтар) на која ќе бидат поканети корисници на хуманитарна помош.
Од страна на ЦКРМ, им беше изразена благодарност за досегашната соработка и несебичното залагање на Турската Црвена полумесечина за нивното обезбедување на хуманитарна помош на социјално загрозени на лица.

< врати се назад