април 12, 2021

Повик за ангажирање на технички експерт- правно лице за сервис Итно копче при Црвениот крст на Република Северна Македонија

Црвениот Крст на Република Северна Македонија објавува повик за ангажирање на експерт –правно лице за мониторинг, одржување и обезбедување на техничка поддршка на месечна основа во рамки на сервисот Итно копче, во периодот од Април 2021 – Август 2023, за потребите. на проектот ,, Развој на деловни услуги  за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ’’- проект поддржан од деловно партнерство на ЦКРСМ и Австриска Агенција за Развој, Австриски Црвен Крст и Швајцарски Црвен Крст.

Целиот оглас може да го пронајдете на следниот линк. (pdf)

Заинтересираните ентитети, најдоцна до 14 Април 2021  до 16:00 часот , потребно е да аплицираат:

Електронски на следната е-адреса: komisijazanabavki@redcross.org.mk со назнака Повик за ангажирање на технички експерт за сервис Итно копче.

Избраните кандидати ќе бидат известени, по електронски пат, најдоцна 3 дена по изборот.

< врати се назад