Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Предавање за дисеминација на Движењето, Меѓународно хуманитарно право и активности на Црвен крст на Република Македонија, во касарната *Јане Сандански*–Штип

2017-09-19

Предавање за дисеминација на Движењето, Меѓународно хуманитарно право и активности на Црвен крст на Република Македонија, во касарната *Јане Сандански*–Штип

На  18 септември 2017 година во касарната* Јане Сандански * во Штип  претставник на Црвен крст на Република Македонија одржа предавања со презентација  за дисеминација на Движењето, Меѓународно хуманитарно право и активности на Црвен крст на Република Македонија и подготвеност и дејствување при катастрофи. Целна група на слушатели беа униформирани лица со чинови кои со интерес ги следеа предавањата и изразија задоволство за соработката.

Во делот на дисеминацијата учесниците се запознаа со улогата и мандатот на Меѓународното движење на Црвен крст и Црвена полумесечина, МКЦК, МФЦКЦП и Црвен крст на Република Македонија, амблемот на Црвениот крст и Меѓународното хуманитарно право со осврт на Женевските конвенции и Дополнителните протоколи и дејностите на Црвен крст на РМ.

За активностите на планот на подготвеност и дејствување при катастрофи, посебен осврт е даден на поставеноста и делувањето на овој систем во Црвен крст на РМ во домашни и меѓународни рамки, соработката со надлежните институции во РМ, посебно Министерството за одбрана, МВР, ЦУК, ДСЗ, Локалната самоуправа и вклученоста на претставници на ЦКРМ во координативни тела формирани за време на природни катастрофи и непогоди и активноста на тимовите на ЦКРМ. За најновите случувања со поплавите кои  минатата година погодија делови од Република Македонија, мигрантската и бегалска криза е потенцирана заедничката соработка со надлежните институции и активностите што ЦКРМ ги презема во рамки на својата улога – дистрибуција на хуманитарна помош, укажување на прва помош, логистичка поддршка, проценка на терен, воспоставување семејни врски и едукативни активности.

Од страна на присутните се поставувани прашања во врска со Женевските конвенции и Дополнителните кои се потпишани од Република Македонија во 1993 година како и прашања за задачите и улогата на Црвен крст на РМ за време на мигрантската криза.

За потреби на библиотечниот фонд во касарните, се поделени промотивни и едукативни документи поврзани со презентираните активности.

Предавањето е резултат на претходно договорени термини со Генералштабот на АРМ, а е во рамки на Меморандумот за соработка склучен помеѓу Црвен крст на Република Македонија и Министерството за одбрана на РМ.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025