Признанија од „Сите сити“ за Црвениот крст
На настанот кој се одржа на 19 март 2019 година во организација на Здружението „Ајде Македонија“, беа доделени признанија за Црвениот крст на РМ, Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, Радовиш, Гевгелија, Гостивар и Кочани и Виница за вклученоста и поддршката на активностите на мрежата „Сите сити“ за спасување на храна и донирање на социјално загрозени граѓани.
Во изминатата година Црвениот крст во десет града во Македонија учествуваше во спроведување на кампањата „Нахрани 10.000“, преку која се обезбеди храна за да се помогне на неколку илјади граѓани во земјата. Членките на мрежата „Сите сити“ од април минатата година, па до сега, успеа да спаси 66.524 кг. храна или 221.746 порции.
Оваа година Здружението „Ајде Македонија“ во партнерство со Црвениот крст на РМ ќе предложат модел на национален систем кој ќе ги искористува пазарните вишоци со цел да обезбеди нутритивни оброци за поголеми и различни категории на ранливо население. Системското решение ќе биде поставено врз основа на потребните измени на законодавството, анализа на пазарот, потреби за транспорт, маркетинг поддршка, и сл. како и унапредување на веб- платформата на „Сите сити“ за менаџирање на донираната храна, која веќе функционира преку Црвениот крст на град Скопје и неколку граѓански организации.