декември 28, 2021

Проект “X-Stock: Зајакнување на прекугранична подготвеност преку заедничко управување со стоковите резерви наменети за итни и вонредни состојби во Југоисточна Европа”.

Во рамките на проектотот “X-Stock: Зајакнување на прекугранична подготвеност преку заедничко управување со стоковите резерви наменети за итни и вонредни состојби во Југоисточна Европа”, финансиски подржан од Европската унија и од Австриската Агенција за развојна соработка во периодот од  23-24.12.2021 година во просториите на Оперативниот центар на ЦКРСМ за подготвеност и одговор при катастрофи се одржаа работни средби  со претставници од општинските организации на Црвениот крст на РСМ и претставници од институциите  кои се дел од системот за управување со кризи и институции кои непосредно се вклучени во приемот и праќањето на меѓународна помош во случај на катастрофи.  Целта на работните средби беше да се претстави извештајот од изработената Аналитичка студија за состојбите во Република Северна Македонија при прием и испраќање на човечка и материјална помош во случај на катастрофи.

На работните средби  беа објаснети целите на проектот, како и очекуваните резултати. Од  страна на проф. д-р Раде Рајковчевски беше претставена анализата  со која се мапирани  специфичности   во однос на правната и институционалната рамка, процедурите и предизвиците на државата и на релеватните институции при приемот и праќањето на човечки и материјални ресурси во случај на катастрофи. Во анализата на студијата дадени се и препораки за подобрување на регионалната соработка за прием и испракање на хуманитарна помош и тимови за брз одговор.

< врати се назад