септември 4, 2019

Работен состанок на носечката група за имплементација на NICS

Во период од 29-31 август 2019 година во Хотел „Београд“ – Струга, претставници на Црвен крст учествуваа на работен состанок на носечката група за имплементација на NICS ( Next Generatıon Incıdent Command System, во организација на Центарот за управување со кризи.

На работниот состанок се направи анализа на реализираните активности во 2019, со посебен осврт на реализираната научна конференција и донесената одлука од страна на Влада на РСМ за користење на веб апликацијата  NICS.

Исто така се стави акцент на подготовката и учеството на Меѓународната вежба во Црна Гора на која Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе учествува со тим од 5 лица.

На 30 август во рекреативен тренинг центар Солферино, на тимот за одговор во случај на катастрофи на единицата на локална самоуправа Карпош, им беше одржана обука за менаџмент со катастрофи. Учесниците на оваа обука имаа можност да се запознаат со превземените активности на Црвениот крст за време на поплави.

 

На 31 август се направи мониторинг на активностите на стручниот центар за безбедност на вода и планина на Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Охрид. Од страна на претседателот на Општинската организација на Црвен крст Охрид Сашо Точко, се даде детален преглед на реализираните активности на планот за безбедност на вода и планина.(број на интервенции, на спасители, покривање на настани). Се направи и посета на дел од плажите на кои имаше спасители на вода од ООЦК Охрид.

< врати се назад