април 16, 2019

Работен состанок во рамките на проектот “Безбедни школи и градинки“ финансиски подржан од ЕРАСМУС+ програмата

Во организација на Хрватски Црвен крст во периодот од 11 – 12.04.2019 година во Загреб, Хрватска се одржа работен состанок во рамките на проектот “Безбедни школи и градинки“ финансиски подржан од ЕРАСМУС+ програмата. На состанокот присуствуваа и претставници од Црвен крст на Република Македонија.

Целта на работниот состанок  беше размена на практики и искуствата на НД од регионот со акцент на задачите кои треба одделно секое национално друштво (НД) да ги имплементира во рамките на проектните активности.

Во првиот дел од работниот состанок, претставниците на Хрватски Црвен крст како носители на активноста за подготовка на каталог на ресурси и активности за намалување на ризици од катасториф ја презентираа драфт верзијата од добиените податоци од НД и воедно преку практични примери ги презентираа истите.

Во понатамошниот дел од денот од страна на Австриски Црвен крст беше презентирана платформата за прва помош која треба да биде превземена од страна на НД и имплементирана во градинки и основни училишта во државите.

Во вториот дел од работниот состанок, претставниците Црвен крст на Република Македонија ги презентираа добиените податоци од спроведеното истражување за законската легислатива на регионално и национално ниво како и насоките за подготовка на план за застапување на ниво на Европска Унија на полето на намалување на ризици од катастрофи, прва помош и психосоцијална поддршка. Дополнително, претставниците на Црвен крст на Србија и Црвен крст Бугарија ги презентираа предлог тренинг програмите за обучување за намалување на ризици од катастрофи и психосоцијална поддршка.

На крајот на работниот состанок се работеше на евалуација на досегашните активности во проектот, подготовка на планови за дисеминација на проектот и воедно заеднички договор за понатамошни активности со цел реализација на проектните цели.

< врати се назад