декември 23, 2022

Работилница за менторска развојна програма на 8 ООЦК

Во рамките на иницијативата за развој на 8 ООЦК и утврдената динамика за воспоставување на менторска развојна програма со ООЦК Велес, Гевгелија, Струга, Радовиш, Штип, Пробиштип, Куманово и Неготино, во периодот 20-22.12.2022 година во центарот Солферино во Струга се одржа работилница на која учествуваа вкупно 19 лица.

По спроведени неколку процеси во 2021 година за процена на актуелните состојби во ООЦК и ЦКГС, како и евалуација на постигнувањата во програмското работење, утврдена е потреба од развивање на иницијативи за подобрување на целокупното работење на Националното друштво. На локално ниво формирани се локални тимови со претставници од раководна и управна структура на ООЦК, кои за време на работилницата беа поддржани од страна на стручната служба на Централната канцеларија да дефинираат план и приоритети за развој за наредните 6 месеци како и динамика со која ќе се следи прогресот кон негово исполнување.

Развојните приоритети на ООЦК се разработуваа во следните тематски области:административно работење и имплементација на норматива, инфраструктура и логистика, програмско и проектно работење, мобилизирање на ресурси и партнерска соработка и стандарди за брендирање на ЦКРСМ.

Најпрвин се мапираа актуелни состојби и предизвици во ООЦК, по што се дефинираа планови по кои ќе се преземат конкретни чекори за наредниот 6 месечен период.

< врати се назад