ноември 14, 2022

Работилница за научени лекции за примена на алатката за готовински трансфер на парични средства и ваучери

Црвениот крст на РСМ во рамките на Проектот CONEX Balkan „КОВИД 19 одговор за подобрување на социо – економската ситација на маргинализираните лица во 6 држави во Западниот Балкан“, поддржан од Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст, од 10 до 12 ноември 2022 година, во едукативниот тренинг центар „Солферино“ во Струга одржа работилница  за научени лекции за примена на алатката за готовински трансфер на парични средства и ваучери – (CVA) при обуки за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. На работилницата присуствуваа претставници на Австрискиот Црвен крст, Christian Diemt кој ги координира и поддржува проектните активности, и Wolfgang Klug  фасилитатор во делот за стекнување на основни знаења за CVA алатката. Од страна на претставниците на стручната служба на Црвениот крст на РСМ беа споделени досегашни искуства од примена на CVA алатката, како и резултати од задоволството на обучените негуватели за обезбедената финансика помош од Црвениот крст во период од три месеци. Позитивни искуства беа споделени и од страна на претставници на Црвен крст на Град Скопје и општинската организација на Црвен крст Гази Баба.

На работилницата учествуваа по двајца претставници на општинските организации Битола, Штип, Струга,  Свети Николе, Пробиштип, Крушево и Куманово вклучени со проектните активности, како и претставници  од пет општински организации кои имаат искуство во спорведување на обуки за  негуватели. Од направената евалуација на работилницата, од страна на учесниците беше истакнато дека се задоволни од можноста да се стекнат  со основни знаења за CVA алатката, но и да слушнат повеќе информации за позитивните искуства на националното друштво од досегашна примена на алатката.

< врати се назад