Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работилница за Теорија на промени во рамките на проектот InCARE

2021-12-14

Работилница за Теорија на промени во рамките на проектот InCARE

На 14.12.2021 година, во просториите на Центарот за Социјални претпријатија се одржа првиот дел од дводневната работилница  за „Развој на услуги на долгорочна нега и грижа со примена на Теорија на промени и пилотирање иновативни социјални услуги на долготрајна нега и грижа“.

Работилницата се спроведе во рамки на проектот ,,Поддршка на инклузивниот развој на услуги во заедницата за долготрајна нега преку вклученост на повеќе чинители (InCARE)“, поддржан од Европската Унија преку програмата „Вработување и социјални иновации – ЕаСИ“ заедно со Министерството за труд и социјална политика и Црвен Крст на Република Северна Македонија како партнери на проектот и Министерството за здравство како проектни соработници во РСМ.

Главните цели на работилницата беа:

  • Претставувањето на проектот „Поддршка на инклузивниот развој на услуги во заедницата за долготрајна нега преку вклученост на повеќе чинители (InCARE)“;
  • Утврдување на заедничките цели/визија за долготрајната нега и грижа во земјата
  • Дискусија и разработка на целите и карактеристиките на пилот компонентата (иновативната услуга „Итно копче“);
  • Вклученост на засегнатите страни во дизајнот и имплементацијата на пилот компонентата од перспектива на нејзина одржливост и прераснување во редовна услуга во системот на социјална заштита.

На работилницата учество земаа преставници од јавниот и приватниот сектор, како и корисници и провајдери на услугите за нега во нашата држава. Вториот дел од работилницата ќе биде одржан на 24.12.2021 година.

#InCARE-Europe #EaSI #LongTermCare

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025