Работилница за самопроцена на подготвеноста на националното друштво за примена на алатката за финансиска поддршка на ранливо население преку готовински трансфер и ваучери – CVA
Црвениот крст на Република Северна Македонија со поддршка на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, од 04 до 07 септември 2023 година, во едукативниот тренинг центар „Солферино“ во Струга ја организираше втората работилница за самопроцена на националното друштво во рамки на програмата за подготвеност за примена на алатката за финансиска поддршка на ранливото население преку готовински трансфер и ваучери – CVA.
Целта на работилницата е да се спроведе втора самопорцена на капацитетите на националното друштво за користење на CVA алатката и да се ревидира планот за акција кој опфати активности за период од три години. Фасилитатори на работилницата беа Marcin Podlesny, ИФРЦ делегат за подготвеност на CVA во регионалната канцеларија на ИФРЦ за Европа, во Будимпешта, Farook RAHMAN, ИФРЦ делегат за CVA од канцеларијата на кластер делегацијата на земјите од Централна и Jугоисточна Eвтропа во Сараево и Sawsan ABU RASSA претставник на Американски Црвен крст.
На работилницата учествуваа вкупно 17 лица, претставници на Централната канцеларија на ЦКРСМ, Црвен крст на град Скопје и општински организации на Црвениот крст кои имаат основни познавања за примена на алатката.