Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работилница за самопроцена на подготвеноста на националното друштво за примена на алатката за финансиска поддршка на ранливо население преку готовински трансфер и ваучери – CVA

2023-09-11

Работилница за самопроцена на подготвеноста на националното друштво за примена на алатката за финансиска поддршка на ранливо население преку готовински трансфер и ваучери – CVA

Црвениот крст на Република Северна Македонија со поддршка на Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, од 04 до 07 септември 2023 година, во едукативниот тренинг центар „Солферино“ во Струга ја организираше втората работилница за самопроцена на националното друштво во рамки на програмата за подготвеност за примена  на алатката за финансиска поддршка на ранливото население преку готовински трансфер и ваучери – CVA.

Целта на работилницата е да се спроведе втора самопорцена на капацитетите на националното друштво за користење на CVA алатката и да се ревидира планот за акција кој опфати активности за период од три години. Фасилитатори на работилницата беа Marcin Podlesny, ИФРЦ делегат за подготвеност на CVA во регионалната канцеларија на ИФРЦ за Европа, во Будимпешта, Farook RAHMAN, ИФРЦ делегат за CVA од канцеларијата на кластер делегацијата на земјите од  Централна и Jугоисточна Eвтропа во Сараево и Sawsan ABU RASSA претставник на Американски Црвен крст.

На работилницата учествуваа вкупно 17 лица, претставници на Централната канцеларија на ЦКРСМ, Црвен крст на град Скопје и општински организации на Црвениот крст кои имаат основни познавања за примена на алатката.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025