Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Работна средба на Раководниот одбор на Црвен крст на РМ и Националниот совет на Бугарски Црвен крст

2018-11-26

Работна средба на Раководниот одбор на Црвен крст на РМ и Националниот совет на Бугарски Црвен крст

Во период од 22-24 ноември 2018 година во посета на Црвен крст на Република Македонија беше делегација од Бугарски Црвен крст во состав: Академик д-р Христо Григоров – Претседател на Бугарски Црвен крст, д-р Софија Стоименова – Генерален директор на Бугарски Црвен крст, претставници од Националниот совет на Бугарски Црвен крст и претставници од стручна служба.

Делегацијата беше пречекана во Централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија каде добредојде им посака претседателот на Црвениот крст на Република Македонија проф. д-р Ромел Велев и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија д-р Саит Саити.

Во попладневните часови делегацијата својата посета ја продолжи во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга каде се одржа заедничка работна сесија на претставници на Раководниот одбор на Црвениот крст на Република Македонија и Националниот совет на Бугарски Црвен крст.

На самата работна средба беа презентирани активностите, досегашните постигнувања и се разменија досегашните искуства и практики во работењето на двете Национални друштва како и заеднички активности по одделни области на двете национални друштва.

Самата иницијатива за одржување на ваква средба беше позитивно оценета а што се потврди и на заедничката сесија и даде можност за поинтензивна соработка со предлог да се продолжи со овој начин за претставување на резултатите од заедничката соработка.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025