август 12, 2021

Работна средба со претставници на УСАИД


Notice: Undefined variable: sharify_buttons in /home/ckrm/public_html/wp-content/plugins/sharify/sharify.php on line 333

На ден 12.08.2021 година во Централната канцеларија на Црвениот крст на Република Северна Македонија се одржа средба со генералниот секретар д-р. Саит Саити и  претставниците од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), г-ѓа Дон Кармин и г-дин Џон Патерсон.

На средбата се дискутираше за моменталната кризна состојба и дадениот одговор од страна на Црвениот крст во погодените подрачја.

Претставниците имаа можност преку фотографии и кратко видео, снимено од страна на  Црвениот крст на РСМ да ја согледаат одблизу штетата која е предизвикана од пожарите во изминатиот период и улогата и работата на Црвениот крст, волонтерскиот ангажман, дистрибуцијата на хуманитарната помош на погодените места, и пружење на прва помош.  

Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) како партнер на Црвениот крст, ја следи и ќе продолжи да ја мониторира состојбата и одговорот при управување со кризи, давајќи ја својата поддршка и понатаму на нашата држава.

 

< врати се назад