Реализирана обука на волонтери за укажување на прва помош и реалистичен приказ на повреди
Во периодот од 17-21/22.05.2018 година во тренинг центарот Солферино во Струга, во рамки на проектот за прва помош,а со финансиска подршка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина беше реализирана обука за волонтери за укажување на прва помош и за реалистично прикажување на повреди (шминкери).
На обуката за прва помош присуствуваа 26 учесници, а за обуката за шминкери 27 волонтери на општинските организации на Црвениот крст и Црвен крст на град Скопје.
Учесниците на обуката за прва помош имаа можност да се запознааат поблиску со активностите кои Црвениот крст на Р.Македонија ги реализира особено во услови на катастрофи и кризни ситуации, како и со теми кои не се опфатени во основната обука за прва помош, а со цел надградба на нивните капацитети и усовршување на вештините и способностите за укажување на прва помош при различни состојби и повреди и навремена интервенција доколку се јави потреба од истата.
Со обуката за шминкери волонтерите имаа можност да се запознаат и стекнат со теоретски и практични знаења и вештини во реалистично прикажување на различни повреди, рани и медицински состојби. Вештините стекнати на оваа обука, волонтерите кои учествуваа на истата ќе имаат можност да ги користат и да им помагаат на своите општински организации и Црвениот крст на Град Скопје при организирање на различни настани , натпревари за прва помош и др. во кои за да се долови реалната слика на замисленото сценарио ќе треба да подготват/нашминкаат различни повреди на дадените манекени и со тоа да да дадат допринос за поголема успешност на настанот.
Преку реализација на овие обука Црвениот крст на Р.Македонија имаше за цел да се зајакнат капацитетите на националното друштво во областа на првата помош како и за поуспешно организирање и реализација на симулациони вежби, различни настани како и натпревари по прва помош.