Red Cross Shape
Реализирана обука на волонтери за укажување на прва помош и реалистичен приказ на повреди

2018-05-22

Реализирана обука на волонтери за укажување на прва помош и реалистичен приказ на повреди

Во периодот од 17-21/22.05.2018 година во тренинг центарот Солферино во Струга, во рамки на проектот за прва помош,а со финансиска подршка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина беше реализирана обука за волонтери за укажување на прва помош и за реалистично прикажување на повреди (шминкери).

На обуката за прва помош присуствуваа 26 учесници, а за обуката за шминкери 27 волонтери на општинските организации на Црвениот крст и Црвен крст на град Скопје.

Учесниците на  обуката за прва помош имаа можност да се запознааат поблиску со активностите кои Црвениот крст на Р.Македонија ги реализира особено во услови на катастрофи и кризни ситуации, како и со теми кои не се опфатени во основната обука за прва помош,  а со цел надградба на нивните капацитети и усовршување на вештините и способностите за укажување на прва помош при различни состојби и повреди и навремена интервенција доколку се јави потреба од истата.

Со обуката за шминкери волонтерите имаа можност да се запознаат и стекнат  со теоретски и практични знаења и вештини во реалистично прикажување на различни повреди, рани и медицински состојби. Вештините стекнати на оваа обука, волонтерите кои учествуваа на истата ќе имаат можност да ги користат и да им помагаат на своите општински организации и Црвениот крст на Град Скопје при организирање на различни настани , натпревари за прва помош и др. во кои за да се долови реалната слика на замисленото сценарио  ќе треба да подготват/нашминкаат различни повреди на дадените манекени и со тоа да да дадат допринос за поголема  успешност на  настанот. 

Преку реализација на овие обука Црвениот крст на Р.Македонија имаше за цел да се зајакнат капацитетите на националното друштво во областа на првата помош како и за поуспешно организирање и реализација на симулациони вежби, различни настани како и натпревари по прва помош.

Други вести

Психо-социјална поддршка на онколошки пациенти
Турнир во мал фудбал „Во чест на Гиго“
Одржан регионален натпревар по прва помош за Регион 1 за 2026 година

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom