Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Регионален состанок на тема *Воспоставување на семејни врски*

2018-11-19

Регионален состанок на тема *Воспоставување на семејни врски*

Од 12 до 15 ноември во Белград се одржа четвртата по ред Регионална средба на 10-те национални друштва кои се дел од Регионалниот информативен центар, координиран од страна на Канцеларијата на Меѓународниот Комитет на Црвен крст во Белград. Претставниците на националните друштва на Србија, Македонија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Романија, Маџарска и Албанија за време на состанокот разговараа за најразлични теми поврзани со мигрантската криза и активностите за воспоставување на семејни врски. Сите национални друштва имаа свои презентации за моменталната состојба со мигранстската криза, со посебен акцент на темата за воспоставување на семејни врски. Особено внимание се посвети на состојбата во Босна и Херцеговина, како држава во која мигрантската криза оваа година посебно ескалира и можностите искуствата од националните друштва кои последниве неколку години интензивно работат на оваа проблематика да се практикуваат во оваа новонастаната ситуација.

Од темите кои се дискутираа на состанокот можеби најмногу внимание се посвети на новините кои Меѓународниот Кимитет на Црвен крст ги воведува во делот на: итните документи за патување при спојување на семејства помеѓу две држави, активности со семејствата чии членови се борат во странски војски, Службата за барање како дел од програмата за заштита, воведување на дата база на податоци, новини во користењето на веб страната за воспоставување на семејни врски на Меѓународниот Комитет на Црвен крст и со особено внимание, темата за подготовка на новата Стратегија на Движењето за воспоставување на семејни врски.

На состанокот и овој пат беше присутен претставник на Регионалната канцеларија на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, кој пред присутните говореше за темата *Воспоставување на семејни врски во кризни ситуации*, како составен дел на програмите за одговор при катастрофи и значењето од поголемо вклучување на Службата за барање во обуките за подготвеност и дејствување при катастрофи.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025