јуни 5, 2024

Резултати во ПХВ програма-2024 година

Младите уште еднаш покажаа дека тие се вистинските херои во нашата заедница. 1200 млади со поддршка на 40 дисеминатори, 11 ментори и 33 ООЦК изработија 169 мали проекти. ­­­­­Од нив, 117 беа оценети со највисока оценка – фаза 5, 49 проекти – фаза 4 и 3 проекти – фаза 3.

Вкупно се изработени 39 проекти кои се оценети со сонце, проекти кои долгорочно смениле нечиј живот. Овие проекти беа изработени во Пробиштип 5 проекти, Карпош 3 проекти, Гостивар 3 проекти, Охрид 3 проекти, Куманово 3 проект,  Прилеп 2 проекти, Чаир 2 проекти, Неготино 2 проекти, Радовиш 2 проекти, Кисела Вода 2 проекти, Кавадарци 2 проекти,  Виница 1 проект, Битола 1 проект, Крива Паланка 1 проект, Штип 1 проект, Центар 1 проект, Велес 1 проект, Гевгелија 1 проект, Скопје 1 проект,  Демир Хисар 1 проект, Кичево 1 проект.

На заедничко задоволство, за прв пат 21 ООЦК имаа изработено проекти со сонце, што ни укажува дека има подобрување на квалитетот при изработка на проектите.

Честитки за сите кои допринесоа за одличните резултати, за промените кои се направени во заедницата, за подршката дадена на младите, за поттикнување на волонтерството и за градење на трајни вредности.

< врати се назад