февруари 17, 2023

Саити го пречека тимот на спасувачи на доброволното здружение „Бајрам Мифтари“ од општина Чаир, воедно се и волонтери на Црвениот крст

На 17.02.2023 година со најголема почит Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити го пречека тимот на спасувачи на доброволното здружение „Бајрам Мифтари“ од општина Чаир, воедно се и волонтери на Црвениот крст кои се вратија од спасувачката акција што ја спроведоа во Adiyaman погоден од катастрофалниот земјотрес на 6 февруари 2023 година.

Нашите херои Артан Демири, Хетем Арслани, Сефер Демири и Исуф Јакупи информираа за акцијата за спасување човечки животи. Со емоции тие раскажаа и многу тажни моменти од ситуацијата со која наишле во турските градови по земјотресот, но и моментите на радост што ги почувствувале кога спасувале животи и по 118 часа под урнатините на зградите.

Нема зборови со кои може да се опише нивнотo херојство, хуманост, храброст, како и на сите членови на спасувачките тимови кои учествуваат во оваа хуманитарна акција во Турција.

< врати се назад