октомври 21, 2022

САИТИ НА МЕЃУНАРОДНА ТЕРЕНСКА ВЕЖБА ВО ХРВАТСКА

Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити денес присуствува на голема меѓународна теренска вежба на тимови за одговор на кризи, организирана од Црвениот крст на Хрватска со поддршка на мрежата „Соседите помагаат први“.

Вежбата се одвива истовремено на две локации со континуирана аудио и видео комуникација во реално време со помош на камери за тело. Дел од вежбата се одржува во Националниот логистички центар на Хрватскиот Црвен крст, во кој е сместен Кризниот штаб кој управува со кризната состојба, донесува одлуки и ја координира соработката со другите служби за итни случаи.

Паралелно, операцијата се изведува на терен, кај Шодеричкото езеро, каде екипите спроведуваат бројни активности како навистина да се случува поплавата – евакуација, организација на центарот за евакуација, дистрибуција на хуманитарна помош, психосоцијална поддршка, служба за барање, прва помош и логистичка поддршка.

< врати се назад