октомври 21, 2022

САИТИ НА ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА PRIĆE IZ NAŠEG MLINA

На покана на Културно – Информативен Центар на Република Северна Македонија во Загреб, Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити на 20 октомври 2022 година, присуствуваше на настан посветен на промоција на книга „PRIĆE IZ NAŠEG MLINA“.

Публикацијата „PRIĆE IZ NAŠEG MLINA“ e лулка на хрватските медицински сестри, за годините на нивното образование таму, за професионалната пракса на загрепските клиники, медицинските сестри – наставници и другите што ги учеле, и нивната работа во разни здравствени и други институции, состаноци за годишнини од матура и размислувања за хрватските медицински сестри, здравството и уште неколку работи за кои зборуваа во тие прилики.

Напишано е по повод 100-годишнината на учил

иштето, 40-годишнината од нивното дипломирање и нивното враќање во Охрид, во Северна Македонија, за повторување на нивното матурско патување.

Тоа е книга за секоја медицинска сестра и за сите оние кои на кој било начин се занимаваат со нега, но и за сите оние кои доаѓаат во контакт со медицинските сестри како нивни пациенти, колеги, членови на семејството или пријатели. Со цел подобро да се разбере нивната, пред се хумана вокација, и да се поддржат во извршувањето на оваа напорна и одговорна работа.

< врати се назад