Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Седница на Собрание на Црвен крст на Република Македонија

2017-12-13

Седница на Собрание на Црвен крст на Република Македонија

На 12.12.2017 година, во Домот на хуманитарни организации: “Даре Џамбаз“ во Скопје, Црвениот крст на РМ ја одржа својата втора седница на Собранието за мандатниот период 2017-2021 година.

На седницата на Собранието на Црвениот крст на РМ се разгледаа и донесоа Статутарната одлука за изменување и дополнување и номотехничко уредување на  Статутот на Црвениот крст на РМ и други значајни документи кои ја надоградуваат нормативната рамка на работењето на Црвениот крст на РМ.

Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, д-р Саит Саити истакна дека предложените   акти од дневниот ред како што се правилници, политика, кодекс се дел од административно-правниот напредок во уредување на одредени материи кои не биле регулирани во соодветен документ или претрпеле соодветни измени и истите се во надлежност на донесување од страна на Собранието. Во претстојниот период следи и донесување на други акти заради заокружување на процесот на донесување на документи кои се во надлежност на раководната и управувачката структура на Црвениот крст на РМ – рече Саити.

Значајно е да се напомене дека пред донесување на документите, расправата беше организирана со работа во групи во кои беа вклучени сите членови на Собранието на Црвениот крст на РМ, каде тие имаа можност да ги истакнат своите предлози, забелешки и сугестии на предложените документи.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025