Седница на Собрание на Црвен крст на Република Македонија
На ден 20.12.2016 година, во Домот на хуманитарни организации: “Даре Џамбаз“ во Скопје, Собранието на Црвен крст на РМ ја одржа својата десетта редовна седница за мандатниот период 2012-2016 година.
Седницата започна со потенцирање на генералните активности кои беа превземени во 2016 година со потенцирање на предизвиците какви што се: климатските промени, природните катастрофи и мигрантската криза. Црвениот крст на РМ изрази голема благодарност до сите институции и организации од домашни и странски поддржувачи и донатори. Во продолжение на седницата беа донесени Програмата за работа на Црвениот крст на РМ за 2017 година и Буџетот на Црвениот крст на РМ за 2017 година.
Претседателот на Црвениот крст на РМ, Д-р Милчо Трајков истакна дека престојната 2017 година ќе изобилува со значајни активности, датуми и настани. Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, г-дин Саит Саити ги информираше присутните за предлог статутот на Црвениот крст на РМ кој е во фаза на донесување по завршувањето на потребните процедури и кој претставува предизвик во намерата за подготовка на нова конститутивна рамка, зајакнување на човечките ресурси како во професионалниот, така и во волонтерскиот кадар и подобрување на ефикасноста во работењето.