Седница на Собранието на Црвениот крст на РМ
На ден 17.03.2017 година, во Домот на хуманитарни организации: “Даре Џамбаз“ во Скопје, Собранието на Црвен крст на Република Македонија ја оддржа својата дванаесетта редовна седница, каде се разгледуваше донесувањето на Извештај за работа на Црвениот крст на Република Македонија со буџет за 2016 година.
Годината која измина беше исполнета со одбележување на значајни јубилејни, настани, датуми и активности. Седницата беше отворена со музички точки и настап на ученици на ССОУ “Илија Николовски Луј” – Скопје и беа прикажани видео спотови со значајни активности кои ја одбележаа 2016 година. На настанот се доделија и признанија во вид на плакети за 16 ООЦК кој го исполнија планот во крводарителство, и тоа : Општинските организации на Црвен крст Центар, Свети Николе, Велес, Виница, Гази Баба, Штип, Крива Паланка, Валандово, Кавадарци, Делчево, Струга, Неготино, Кратово, Пробиштип, Крушево и Битола.
Од страна на генералниот секретар г-дин Саит Саити беше презентирано Истражувањето на јавното мислење за Црвениот крст на Република Македонија.
Во својот работен дел меѓу другото, Собранието расправаше за Извештајот за работа на Црвениот крст на Република Македонија со буџет за 2016 година. Собранието едногласно го донесе Извештајот за работа на Црвениот крст на Република Македонија со буџетот за 2016 година.
На крај, Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија др. Милчо Трајков на членовите на Собранието им се заблагодари за нивниот придонес во работата и им го честита 17 март Денот на основањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството во Република Македонија.