Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Седница на Собранието на Црвениот крст на РМ

2017-03-17

Седница на Собранието на Црвениот крст на РМ

На ден 17.03.2017 година, во Домот на хуманитарни организации: “Даре Џамбаз“ во Скопје, Собранието на Црвен крст на Република Македонија ја оддржа својата дванаесетта редовна седница, каде се разгледуваше донесувањето на Извештај за работа на Црвениот крст на Република Македонија со буџет за 2016 година.

Годината која измина беше исполнета со одбележување на значајни јубилејни, настани, датуми и активности. Седницата беше отворена со музички точки и настап на ученици на ССОУ “Илија Николовски Луј” – Скопје и беа прикажани видео спотови со значајни активности кои ја одбележаа 2016 година. На настанот се доделија и признанија во вид на плакети за 16 ООЦК кој го исполнија  планот во крводарителство, и тоа : Општинските организации на Црвен крст Центар, Свети Николе, Велес, Виница, Гази Баба, Штип, Крива Паланка, Валандово, Кавадарци, Делчево, Струга, Неготино, Кратово, Пробиштип, Крушево и Битола.

Од страна на генералниот секретар г-дин Саит Саити беше презентирано  Истражувањето на јавното мислење за Црвениот крст на Република Македонија.

Во својот работен дел меѓу другото, Собранието расправаше за Извештајот за работа на Црвениот крст на Република Македонија со буџет за 2016 година. Собранието едногласно го донесе Извештајот за работа на Црвениот крст на Република Македонија со буџетот за 2016 година.

На крај, Претседателот на Црвениот крст на Република Македонија др. Милчо Трајков на членовите на Собранието им се заблагодари за нивниот придонес во работата и им го честита 17 март Денот на основањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството во Република Македонија.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025