мај 2, 2023

Семинар Перспективи на Црвен крст при пружење на Прва Психолошка Помош и Психо-социјална Поддршка

Во период од 28 до 30.04.2023 во Солферино, Струга  се одржа семинар со тема перспективи на Црвен крст при пружење на прва психолошка помош и психо-социјална поддршка Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамки на проектот КОВИД-19 одговор за подобрување на социо – економската ситуација на маргинализираните лица во 6 држави во Западниот Балкан“, финансиран од Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.

На семинарот беа присутни волонтери, вработени и соработници на Црвениот крст на РСМ. Учесниците преку вежбовни активности, играње на улоги во реалистични сценарија и интерактивни предавања се стекнаа со знаења и искуство за пружање на психо-социјална поддршка и прва психолошка помош во кризни и итни состојби. Теми кои беа од големо значење за учесниците беа: Психо-социјална поддршка со деца, Тагување и справување со загуба, Психо-социјална поддршка на волонтери и вработени и Грижа за себе.

< врати се назад