февруари 14, 2018

Симулациска вежба во ОУ Коле Канински – Битола во соработка со Црвен крст

Во рамките на проектот “Активности за намалување на ризици од катастрофи во Гостивар и Битола”, поддржан од страна на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, се одржа симулациска евакуациона вежба со претходно подготвено сценарио за земјотрес и пожар.

Целта на вежбата беше проверка на стекнатото знаење на наставниот персонал и учениците за заштита и самозаштита во случај на катастрофи како и подобрување на координацијата и комуникацијата на локалните институции кои се дел од системот за менаџирање со катастрофите.

Организатори на симулациската евакуациона вежба беа Црвен крст на Република Македонија и Општинската организација Црвен крст Битола во соработка со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Итната медицинска помош, Територијалната противпожарна бригада, Министерството за внатрешни работи и др.

< врати се назад