Red Cross Shape
Симулациски вежби на територија на општина Центар, општина Ѓорче Петров, општина Кисела Вода, општина Чаир, општина Гази Баба

2018-11-14

Симулациски вежби на територија на општина Центар, општина Ѓорче Петров, општина Кисела Вода, општина Чаир, општина Гази Баба

Црвен крст на Република Македонија, во рамките на Програмата за подготвеност и дејствување при катастрофи, со финансиска поддршка на УНИЦЕФ, во ноември 2017 година, започна со реализација на проект чија цел е подготовка на образовниот кадар за дејствување во услови на природни катастрофи со цел намалување на ризиците со кои што може да се соочат градинките и основните училишта во Гевгелија, Куманово и Скопје”.

Во рамките на завршната фаза на проектот, во подготовка се и во фаза на реализација симулациски вежби за евакуација на персонал и деца во градинки и основни училишта преку кои ќе го провериме стекнатото знаење за време на спроведените обуки за заштита и самозаштита, а воедно и практично ќе ја провериме паничната сигнализација и нејзиното користење и функционирање.

На територија на град Скопје, во периодот од 14.11 до 16.11.2018 година ќе се одржат следните вежби во Градинка РЈ Корчагин – Објект Пинокио ( општина Центар ), Градинка Весели Цветови – Објект Синоличка ( општина Кисела Вода ), Градинка Росица – Објект Детелинка ( општина Ѓорче Петров ), Градинка 25 Мај – објект Сонце ( општина Гази Баба ), Градинка Снежана – Објект Џуџиња ( општина Чаир )

За време на симулациските вежби, персоналот на градинките во координација со инструкторските тимови на Црвен крст на Република Македонија и тимовите за прва помош на Општинските организации на Црвен крст ( Центар, Карпош, Чаир, Гази Баба и Кисела Вода ) ќе ја спроведат процедурата за заштита и самозаштита во случај на катастрофа, евакуација како и укажување на прва помош.

Други вести

Психо-социјална поддршка на онколошки пациенти
Турнир во мал фудбал „Во чест на Гиго“
Одржан регионален натпревар по прва помош за Регион 1 за 2026 година

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom