ноември 27, 2018

Симулациски вежби за евакуациja на градинки во Скопје и Гевгелија

Црвен крст на Република Македонија, во рамките на Програмата за подготвеност и дејствување при катастрофи, со финансиска поддршка на УНИЦЕФ, во ноември 2017 година, започна со реализација на проект чија цел е подготовка на образовниот кадар за дејствување во услови на природни катастрофи со цел намалување на ризиците со кои што може да се соочат градинките и основните училишта во Гевгелија, Куманово и Скопје”.

Во рамките на завршната фаза на проектот, во подготовка се и во фаза на реализација симулациски вежби за евакуација на персонал и деца во градинки и основни училишта преку кои ќе го провериме стекнатото знаење за време на спроведените обуки за заштита и самозаштита, а воедно и практично ќе ја провериме паничната сигнализација и нејзиното користење и функционирање.

На територија на град Скопје, се одржаа следните симулациски вежби: Градинка РЈ Корчагин – Објект Пинокио ( општина Центар ), Градинка Весели Цветови – Објект Синоличка ( општина Кисела Вода ), Градинка Росица – Објект Детелинка ( општина Ѓорче Петров ), Градинка 25 Мај – објект Сонце ( општина Гази Баба ), Градинка Снежана – Објект Џуџиња ( општина Чаир )

На територија на Гевгелија, се одржаа следните симулациски вежби: Градинка Детска Радост.

За време на симулациските вежби, персоналот на градинките во координација со инструкторските тимови на Црвен крст на Република Македонија и тимовите за прва помош на Општинските организации на Црвен крст ( Центар, Карпош, Чаир, Гази Баба. Кисела Вода и Гевгелија ) ја спроведоа процедурата за заштита и самозаштита во случај на катастрофа, евакуација како и укажување на прва помош преку игра.

< врати се назад