април 18, 2023

Симулациска вежба во рамките на проектот: X-Stock

Вo рамките на регионалниот проект “X-Stock- Зајакнување на прекугранична подготвеност преку заедничко менаџирање на стокови резерви за итни состојби во југоисточна Европа” во кој учествуваат Националните друштва на Црвен крст на  Австрија како лидер на проектот,  Србија, Хрватска, Бугарија,  Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, како и претставник на Дирекција за заштита и спасување на Република Северна Македонија и  Управа за управување со вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Србија.

На 23.03.2023 година, во просториите на Центарот за подготвеност и одговор при катастрофи на Црвениот крст на Република Северна Македонија во Момин Поток-Скопје, се одржа “Национална симулациска вежба„ со сценарио земјотрес, погодени делови во југоисточна Република Северна Македонија, на која се тестираше софтверска апликација  на Национално ниво за управување со стокови резерви во случај на катастрофа.

На 18.04.2023 година, се одржа “Регионална симулациска вежба„ на која се тестира софтверска апликација на регионално ниво за управување со стокови резерви во случај на катастрофа. На онлајн симулациската вежба, со замислено сценарио на поплава која истовремно ги зафака земјите кои се вклучени во проектот. На Регионалната симулациска вежба во сите горенаведени земји, учествуваа и претставници на Цивилните заштити.

< врати се назад