април 7, 2020

СОЦИЈАЛНИОТ СЕРВИС ,,ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА СТАРИ ЛИЦА И ЦЕНТАР ЗА ДАВАЊЕ ПОМОШ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ“ ВО КОНТИНУИТЕТ И ВО ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Социјалниот сервис за грижа на стари лица поддржан од страна на Град Скопје непрекинато функционира и во време на вонредна состојба. Сите 200 корисници стари и изнемоштени лица кои редовно се посетуваа во домашни услови непрекинато ги добиваат услугите за поинакви нивни потреби. Согласно мерките, повеќе од 600 корисниците на дневните центри се контактирани во домашни услови, и е постапено согласно нивните барања и потреби. Во континуитет медицинскиот персонал, социјалните работници и логистичките капацитети на Црвен крст на град Скопје се ставени во функција на набавка на најпотребните лекови, пазарување, психосоцијална поддршка, проверка на гликемија и крвен пртисок или останати потреби согласно капацитетите.

Постоењето на социјални сервиси се од исклучителна важност во кризни ситуации или вонредна состојба, токму тогаш ранливите категории имаат каде да се обратат за вистински информации и споделување на потребите.

< врати се назад