август 29, 2016

Соопштение за помош на настраданото население од поплавите-13 август

Во текот на изминатите неколку дена, тимовите на Црвениот крст на РМ се вклучија во помош и поддршка на жителите погодени од природни катастофи и беа дистрибуирани 17.662 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 15.000 дневни оброци, 7.600 топли оброци, 3.369 лит. млеко, 7.172 лит. Јогурт, 2025 пакети со хигиена, 128 тони вода, 630 пакети пелени, 550 душеци, 2154 кебиња, 600 кг облека, 286 парчиња чизми, 252 лит дезинтал. Укажани се  92 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст и реализирани се 4 медицинки транспорти.

13907039_1630694557240698_8730743260777135441_n

Во целата операција вклучени се 120 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), 7 мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст на РМ.

Од вчера (12 август), Црвениот крст започнаа и со активности во трите прифатни центри Ранка Милановиќ, Сениќ и Партение Зографски каде се сместени 150 лица со дистрибуција на дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и витаминска терапија за најранливите.

На 12 август, Екипите на Црвениот крст доставија камион со помош во храна и хигиена за поплавените во Тетовскиот регион, во селата Шипковица и Бродец.

13895517_1630694563907364_4363489714095651718_n

Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици, пешкири, пелени за возрасни, пластични кеси за ѓубре. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ “Наум Наумовски Борче”- Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

До сега се собрани 22.101.994 денари на сметката на Фондот на солидарност.

 

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 12.636.000 денари со повик на телефоните (пресек до вчера-12август, нови информации во понеделник-15 август)

Донација на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

< врати се назад