Соопштение за помош на настраданото население од поплавите-24 август
Црвениот крст на РМ продолжува со поддршката на жителите погодени од природни катастофи. До сега се дистрибуирани 33.084 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 31.004 дневни и топли оброци, 46.013 лит. Млечни производи, 6.446 пакети со хигиена, 2.109 бебешки пакети, 314 тони вода, 574 душеци, 4.408 кебиња, 600 кг облека, 734 парчиња чизми, 341 лит дезинтал…Укажани се 177 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.
Поради постоење на понатамошен интерес за донирање во парични средства, како и за реализација на веќе најавени и потврдени донации од правни субјекти, акцијата е продолжена за 7 дена и истата ќе трае заклучно со 29.08.2016 година. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани и понатака можат да се вклучат со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
До сега се собрани 33.944.220 денари на сметката на Фондот на солидарност
До сега се собрани 13.217.000 денари со повик на телефоните
Донација на средства во странска валута:
Name of the organization: MACEDONIAN RED CROSS
Bank name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
Bank address: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban Code: MK07300701000001228
Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефективно справување со последиците од природната катастрофа. Од 23.08.2016 година помошта во материјални добра може да се предаде во магацините на Црвен крст на РМ во Момин Поток – Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).