Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Соопштение за помош на настраданото население од поплавите-26 август

2016-08-29

Соопштение за помош на настраданото население од поплавите-26 август

Црвениот крст на Република Македонија продолжува со поддршката на жителите погодени од природнaта катастофа. До сега се дистрибуирани: 33.454 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 31.004 дневни и топли оброци, 46.013 лит. млечни производи, 6.776 пакети со хигиена, 2.519 бебешки пакети, 315 тони вода, 586 душеци, 4.590 кебиња, 600 кг облека, 764 парчиња чизми, 341 лит дезинтал…Укажани се  185 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.

Акцијата е продолжена за 7 дена и истата ќе трае заклучно со 29.08.2016 година. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани и понатаму можат да се вклучат со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 37.799.764 денари на сметката на Фондот на солидарност

До сега се собрани 13.224.900 денари со повик на телефоните

Донација на средства во странска валута:

Name of the organization: MACEDONIAN RED CROSS
Bank name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
Bank address: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban Code: MK07300701000001228

Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефективно справување со последиците од природната катастрофа. Од 23.08.2016 година помошта во материјални добра може да се предаде во магацините на Црвен крст на РМ во Момин Поток – Скопје од 08:00 до 16:00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025