ноември 28, 2023

Состанок на национални координатори за ментално здравје и психо-социјална поддршка

Националниот координатор за ментално здравје и психосоцијална поддршка од Црвениот крст на Р. Северна Македонија присуствуваше на состанокот кој се оддржа од 21 до 22 ноември 2023 година во Будимпешта. 

Гледајќи наназад во текот на изминатите приближно 18 месеци на напорите за развој на капацитетите на менталното здравје и психо-социјалната поддршка во рамките на Апелот за итни случаи за одговор на Украина, координаторите на националните друштва беа подобро водени и подготвени да одговорат на предизвиците и потребите на менталното здравје во наредната година. 18 Национални друштва вклучени во Апелот за итни случаи на IFRC за кризата во Украина и погодените земји беа присутни на состанок за размена меѓу колегите, славење и прикажување на достигнувањата, споделување на научените лекции и како да се одговори на предизвиците. 

Целите на состанокот беа славење на успехот во рамките на развојот на капацитетите на

менталното здравје и психо-социјалната поддршка и обезбедување на услуги, размена на peer-to-peer за научените лекции, достигнувања и предизвици во рамките на развојот и програмирањето на капацитетите на MHPSS, насоки за развој на стратегијата и одржливост на менталното здравје и психо-социјалната поддршка.

< врати се назад