Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Споделуваме убави моменти од Неделата на млади

2022-10-14

Споделуваме убави моменти од Неделата на млади

Оваа година дури 492 млади се вклучија во одбележување на Неделата на млади под мотото „Биди причина за нечија насмевка!“. Нашите црвени зони за млади беа ширум државата на вкупно 28 локации. Преку истите успеавме да допреме до публика од над 3.000 млади кои се запознаа со работата на Клубовите на млади во Црвениот крст, придобивките од волонтирање, можностите кои ги нуди нашата организација а секако и со оној друг дел од волонтирањето односно пријателствата, среќните моменти и забавата.

Нашата иницијатива Cup of love беше позитивно изненадување за околу 750 случајни минувачи кои преку мали хумани гестови беа причина за насмевка на над 1.500 лица. Оваа иницијатива ни покажа уште еднаш дека и најмалите навики како кафето може да биде поубаво кога ќе додадеме доза на добрина и хуманост.

Како Национално друштво им благодариме на сите млади за несебичниот придонес во остварување на нашата мисија и визија и кои се амбасадори на хуманоста во своите заедници.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025