Спроведен курс за предавачи и демонстратори по прва помош за кандидати за возачи
Црвениот крст на Република Северна Македонија на 27-28.03.2021 година ја одржa третата курсна настава за 2021 година за демонстратори и предавачи за курсевите по прва помош за кандидатие за возачи на моторни возила.
Обуката се спроведе во просториите на ДХО Даре Џамбаз – Скопје, во строго контролирани услови согласно протоколот за спроведување на обуки и курсеви пропишан од Владата на РСМ. Сите присутни беа обезбедени со заштитни маски и средства за дезинфекција на рацете и пред почетокот на обуката беше измерена телесната температура на присутните и задолжително потполнување на епидемиолошки анкетен формулар.
На обуката присуствуваа вкупно 24 кандидати од 9 Општински оранизации на Црвен крст (ООЦК Крива Паланка, ООЦК Неготино, ООЦК Штип, ООЦК Свети Николе, ООЦК Дебар, ООЦК Кичево, ООЦК Тетово, ООЦК Гостивар и ООЦК Битола) и Црвен крст на град Скопје од кои 15 кандидати за предавачи и 9 кандидати за демонстратори.
Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да создаде нови кадри на квалитетни предавачи и демонстратори кои на правилен и соодветен начин ќе го пренесат своето знаење од областа на прва помош на кандидатите за возачи на моторни возила.