мај 31, 2021

Спроведен курс за предавачи и демонстратори по прва помош за кандидати за возачи

Црвениот крст на Република Северна Македонија како организација има долгогодишно искуство и традиција во областа на едукација на населението за важноста на правилно и навремено пружање на прва помош во случај на незгоди вклучувајќи ги и сообраќајните незгоди  со што се помага во намалување на повредите  и зголемување на шансите за преживување.
 На 29-30.05.2021 година ЦКРСМ ја одржa четвртата курсна настава за 2021 година за демонстратори  и предавачи за курсевите по прва помош за возачи на моторни возила. Обуката се спроведе во големата сала на Црвениот крст на РСМ, со целосно почитување на мерките за заштита против КОВИД-19 пропишани од Владата на РСМ.

Сите присутни беа обезбедени со  заштитни маски и средства за дезинфекција на рацете и пред почетокот на обуката беше измерена телесната температура на присутните и задолжително потполнување на епидемиолошки анкетен формулар.

На обуката беа обучени 4 предавачи и 4 демонстратори за курсевите по прва помош за кандидати за возачи на моторни возила .

Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да создаде нови кадри на квалитетни предавачи и демонстратори кои на правилен и соодветен начин ќе го пренесат своето знаење од областа на прва помош на кандидатите за возачи на моторни возила.

 

< врати се назад