Red Cross Shape
Спроведени 6 обуки за обучувачи по Прва Психолошка помош и Психо-социјална поддршка –дел од проектот поддржан од Business and Strategies in Europe – B&S Europe

2021-02-04

Спроведени 6 обуки за обучувачи по Прва Психолошка помош и Психо-социјална поддршка –дел од проектот поддржан од Business and Strategies in Europe – B&S Europe

Во периодот од 20.01.2021 до 28.01.2021, Црвениот крст на Република Северна Македонија, во рамки на проектот за ублажување и надминување на економските и психолошки последици предизвикани од КОВИД-19 пандемијата , поддржан од Business and Strategies in Europe – B&S Europe спроведе 6 обуки за обучувачи/ тренери за Прва Психолошка Помош и Психо-социјална поддршка, како и ППП ПСП за телефонски линии.

Обуките беа спроведени од страна на надворешни експерти од областа на психологијата и психотерапија, онлајн преку платформата ЗООМ.

На обуките присуство завземаа 38 учесници, вработени и волонтери во Црвениот крст, кои што при учеството на обуките се стекнаа со основните постулати на пружањето на првата психолошка помош и психо-социјална поддршка на терен, и  преку телефонски линии, вклучувајки интерактивни вежби со дискусија и објаснувања на теоретската позадина.

Учесниците имаа прилика да се воведат себе во улога на обучувач и на тој начин практично да ја извежбаат обуката која се очекува да ја мултиплицираат понатаму во своите ООЦК.

Во секој модул од обуката присутните покажаа интерес, активно се вклучуваа во активностите преку поставување прашања и споделување на искуства. Од обучените учесници се очекува  во иднина да завземат и дел од Центарот за  Прва Психолошка помош и Психо-социолошка поддршка во рамките на Националното друштво, чијшто воспоставен систем ќе биде единствен на територијата на Република Северна Македонија.

Други вести

КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ЦКРСМ
Резултати за ПХВ програма за циклус 2026!
ПХВ подготвителна работилница, 05-07 јуни, Солферино-Струга

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom