јуни 16, 2022

Средба со почесен конзул на државата Израел

На ден 16.06.2022 година во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија се одржа средба на Генералниот секретар д-р Саит Саити со почесниот конзул на државата Израел во Република Северна Македонија г-дин Градимир Шумковски.

За време на средбата се разговараше за генералната соработка на државата Израел со РСМ и се претстави подготвеност за соработка со Црвениот крст на РСМ.

За месец јули е најавена можна посета на новиот амбасадор на Израел кој е со канцеларија во Брисел, на која ќе се дискутираат поконкретни иницијативи и можности за поттикнување на поинтензивна соработка со Давидовата ѕвезда на Израел.

 

< врати се назад