Средба со секретари, почеток на ПХВ програмата во 2022 година
На 15 февруари се одржа онлајн работна средба со секретарите од ООЦК низ државата, со цел подетално информирање за почетокот на ПХВ програмата во 2022 година. На состанокот презентирани беа резултатите од 2021 година и промените кои ќе се случуваат оваа година, кои пак беа неизбежни заради пандемија со Ковид-19 и мерките кои сѐ уште важат. Од оваа година програмата повеќе ќе се спушти на локално ниво, односно избраниот дисеминатор ќе биде носител на сите активности и ќе ги спроведе сите три обуки предвидени во програмата. Ќе се работи со помал број на учесници во секоја ООЦК и ќе бидат доделени три награди за најуспешните и најдобри проекти, односно оние кои ќе направат најмногу промени во заедницата. ПХВ инструкторите оваа година се јавуваат во улога на ментори со цел давање на поголема поддршка на избраните дисеминатори.
Годинава се очекува вклученост на 40 дисеминатори, 800 младинци и околку 120 изработени проекти преку кои ќе бидат опфатени околку 2 000 лица-корисници.
Со среќа на сите во старо/ новиот ПХВ почеток!